Студот во Албанија ја зема првата жртва

70 - годишен маж од Елбасан е првата жртва од студот во Албанија. Како што јавува МИА, според лекарите Албанецот доживеал срцев удар за што придонеле температурите во подрачјето на Елбасан кои се под нулата.

Минатата зима во Албанија починале седум лица од ниските температури во земјата.

28.11.2013 - 16:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа