Македонија доби нови 5 милиони садници

На 27 ноември граѓаните на Македонија преку акцијата „Ден на дрвото, со свои раце засадија 5 милиони садници во сите општини на земјава, информираат од граѓанското здружение Ден на дрвото.

-Дванаесетта акција на „Ден на дрвото„ беше масовна и успешна. Река граѓани се упатуваа кон подготвените терени за засадување садници. Македонија засади здравје. Слоганот на кампањата на акцијата беше: „Засади здравје! Засади здрава иднина!„ Идејата беше граѓаните да се запознаат со придобивките од засадувањето садници за здравјето на луѓето, но и за животните и за сиот биосвет. Ако лекарите велат дека четири садници обезбедуваат доволно кислород за еден човечки век, а ако преку акциите на „Ден на дрвото“ досега сме засадиле вкупно 40 милиони садници, тоа значи дека сите ние како граѓани, сме се погрижиле да засадиме здравје за 10 милиони граѓани, но и за целиот биосвет, стои во соопштението од здружението.

Според здружението Ден на дрвото, со оваа акција уште еднаш покажавме како се сака Македонија

-Со дванаесетта акција пративме силна порака кон светот, но и кон историјата на здравјето. Порака на еко-патриотизам, но и за љубов кон целиот биолошки свет. Покажавме како се сака Македонија, но и нашата мајка, Планетата Земја. Веќе од денес, сите ние ќе добиваме силна повратна порака од засадената иднина - благодетите од засаденото здравје. Пораките од засадена здрава иднина ќе ги добиваме со децении, ние и нашите поколенија. Дрвата уште веднаш работат за нас. Тие се грижат за нас, зошто да не се погрижиме и ние за нив, велат од Ден на дрвото.

 

 

28.11.2013 - 14:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега