Жена облечена во црно и плач од бебе се појавуваат на автопатот кај Нова Градишка каде загина нашиот Тоше

На автопатот кај Нова Градишка каде пред неколку години животот го загуби најголемата македонска музичка ѕвезда Тоше Проески, а неодамна во сообраќајна несреќа загина и познатата и млада хрватска актерка Долорес Ламбаша, се слуша детски плач, а според тврдењата на жителите се појавува и жена облечена во црно.  Како што пренесува хрватскиот сајт 24сата.хр, многу граѓани досега сведочеле дека кај автопатот кај Нова Градишка, каде загинаа Тоше и Ламбаша, се случуваат навистина чудни работи. 

Едно од семејствата кои биле сведоци на вакви паранормални активности, си ја отворија душата и раскажаа што виделе и слушнале на тоа место: - Се сеќавам како да беше денес. Мирна летна ноќ. Сообраќајот на автопатот е редок. Одвреме навреме минува по некој автомобил. Околу 23 часот татко ми одеднаш закочи. Застана шкрипејќи со гумите. Пред нас на патот имаше перница. Од него се слушаше плач, како да имаше бебе. Го изгасна автомобилот и излезе, а потоа се наведна да ја подигне перницата, но таа исчезна пред нашите очи. Татко ми преплашен се врати во автомобилот и рече на никого да не кажуваме за случката, вели една жена за сајтот, која тогаш имала 8 години.

Возачите кои поминуваат на овој пат се жалат дека слушаат чудни звуци, радиото само им се гаси, губат концентрација и имаат чувство како некој да ги набљудува. Има сведоштва и за жена во црно како стои крај патот и исчезнува во ретровизорот.

Возач на камионот раскажал дека возејќи, на сред улица здогледал како стојат луѓе. Застанал, излегол од камионот, но улицата била празна: - Не бев уморен. Возев само околу 100 километри. Но тоа не ми се случува прв пат. Ми се повтори истото уште еднаш.

Засега не е официјално потврдено, но голем број експерти тврдат дека таму има јаки магнетни полиња и подземни води поради кои патниците без причина губат контрола.

Според мештаните автопатот Белград Загреб, во делот кај селото Дивошевац, крај Славонски Брод се сеќаваат дека автопатот само преминалпреку локалните гробишта: - Многу надгробни крстови и споменици во текот на правењето на автопатот се фрлени на улица и било асфалтирано преку нив. Младите кои го градеа автопатот се подбиваа со мртвите, не ги почитуваа покојните. Тоа не го правеа сите, само оние кои не го почитуваа Бог. Овде сум на служба 30 години и забележани се многу несреќи на тој дел кој е долг околу 6 километри. Загина и еден брачен пар зад кој останаа три деца – вели свештеникот Марко Гачариќ, за 24сата.хр.

Исто така, и еден пензионер раскажува дека додека една вечер возел на овој пат, пред него се појавила жена облечена во црно која буткала бебе во количка, а потоа исчезнала. Тој вели дека се уште не може да спие по оваа случка.

Засега не се знае што се случува и колку од овие тврдења се вистина, но сепак, едно е сигурно...ова е дефинитивно пат каде се случуваат многу нејасни сообраќајни несреќи во кои животот го губат млади лица.

28.11.2013 - 12:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега