Семејството на малата Тијана ја измамило цела Србија - сметката со парите не ни постоела?!

Небојша и Јелена Огњатовиќ, родителите на малата Тијана која го зави Балканот во црно откако почина во болницата во Хјустон, најверојатно веќе од 3 декември ќе можат да ги користат парите кои ги имаат на сметката за своето дете. Се работи за пари кои ги имаат на три сметки, а најверојатно станува збор за 1,6 милиони евра кои им останале по плаќањето на операцијата и болничките трошоци.

Тие како што пренесува српскиот Курир, синоќа на рочиште во судницата дошле без адвокат. - Ние знаеме дека тие пари и припаѓаат на нашата ќерка, но не можевме да ги префрлиме на таа сметка, бидејќи сметките се блокирани, изјави таткото во судот.

Извршниот директор за маркетинг на Комерцијалната банка во Србија синоќа за време на рочиштето изјавил дека сметката не ни постои. Тој вели дека се работи за обична тековна сметка, која може, но и не мора да биде отворена со некоја цел. Во тој случај, родителите на Тијана со парите можеле да прават што сакаат. 

Судот нареди банката да ги досатви сите три сметки, па на 3 декември ќе се знае кој кого измамил.

28.11.2013 - 11:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега