"Мамо знаев дека ќе дојдеш по мене" - спасено детето кое беше киднапирано по грешка

Мамо не се плашев ни малку. Знаев дека ќе дојдеш по мене и ќе ме спасиш. Вака малото момче кое по грешка беше киднапирано од крадец кој украде автомобил, изјави откако го спаси белградската полиција.

За потсетување, синоќа крадец украде автомобил рено на Вождовац, најверојатно без да забележи дека на задното седиште има и дете. Детенцето седело на задното седиште во автомобил марка Рено Клио, кога неговата мајка за момент излегла од автомобилот, а тогаш крадец влегол во него, го стартувал и побегнал без да забележи дека во колата има и седумгодишно дете. За среќа, белградската полиција успеала да го реши случајот и да го спаси малото дете.

Сепак, мајката на детето поминала низ вистински пекол и како што вели, тоа биле најстрашните моменти во нејзиниот живот.

 

 

28.11.2013 - 09:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа