Иванов испрати честитка по повод еврејскиот празник Хаунка
Претседателот Ѓорге Иванов испрати честитка по повод еврејскиот празник Хаунка до припадниците на Еврејската заедница.
- Празникот Ханука ја слави слободата, победата врз тиранијата, но пред сè слободниот човечки дух. Палењето на свеќите го симболизира непрекинатото горење на маслото во Храмот на победата на Макабејците. Победата значи и празнување на триумфот над насилството и над угнетувањето. Гледајќи наназад низ историјата не можам, а да не споменам низ колку многу страдања и искушенија поминале припадниците на Еврејската заедница, но секогаш успевале да ја најдат светлината на денот. Поривот за победа, потрагата за подобар живот и многуте саможртви ги направи Евреите симбол за непокорност, борба, самосвест и за правичност, вели во честитката претседателот Иванов.
Токму затоа денеска, како што додава Иванов, обединети го продолжуваме патот за севкупен развој и за придобивки, создавајќи подобар стандард за живеење и за унапредување на меѓусебните односи со заедничко почитување, славејќи ги традицијата и заедничките принципи за еднаквост и за слобода.
Иванов им го честиташе празникот со традиционалниот поздрав ХАГ ХАНУКА САМЕАХ и им посака пријатни празнични денови
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа