Украинска пратеничка: Губиме територии
Украинската пратеничка изјави дека Украина губи територија и не успева да ја ослободи откако Русија почна да ги концентрира нападите на истокот на земјата во регионот на Донбас.
Ивана Климпуш-Цинкадзе изјави за „Скај њуз“ дека се надева оти ситуацијата во источна Украина наскоро ќе се промени: „За жал, во овој момент, Русија ги акумулира сите свои воени капацитети на истокот на нашата земја“.
„Ние губиме територии и тие во моментов остануваат во рацете на окупаторите. Се надеваме дека ќе дојде моментот и можноста да ги ослободиме“, додаде таа.
Пратеничката им се заблагодари на сојузниците од запад кои испраќаат воена помош за Украина, но нагласи дека на бранителите им треба повеќе оружје: „Во некои делови од земјата Русите се бројно посупериорни од нашите борци“, рече таа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа