Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел утре во посета на Македонија

 

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел утре доаѓа посета на Република Северна Македонија.

Мишел во „Вила Билјана“ во Охрид ќе се сретне со претседателот на државата Стево Пендаровски. Како што соопштија од кабинетот на претседателот, Пендаровски и Мишел ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе одржат заедничка прес-конференција.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел кој е во мини балканска турнеја, ќе биде гостин на вториот Преспа форум за дијалог што ќе се одржи во Охрид од утре до 18 јуни во организација на Владата на Северна Македонија.

Форумот ќе го отвори претседателот Стево Пендаровски, а на првата сесија на високо ниво според најавите ќе говорат и претседателите на Слованија Борут Пахор, на Хрватска Зоран Милановиќ, на Косово Вјоса Османи – Кадриу и претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ.

Пред да ја посети земјава претседателот на ЕС Мишел беше во посета на Босна и Херцеговина,  Црна Гора и Косово.

15.06.2022 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега