„Е влези де“ - ова е најдобрата фотографија на конкурсот „Дискриминација низ мојот објектив“

Неодамна беше објавен конкурс за избор на најубава фотографија на тема „Дискриминација низ мојот објектив“, а на истиот првата награда отиде во рацете на фоторепортерот Виктор Попоски. 

Второто место му припадна на авторот Наке Батев, додека третата награда ќе ја земе фоторепортерката Маја Златевска. 

Инаку, првонаградениот за својата фотографија „Е влези де“ добива 1000 евра, второнаградениот за фотографијата „Соживот“ добива 700 евра, а третонаградениот за фотографијата "Глад" добива 500 евра. Наградите ќе им бидат доделени лично од шефот на државата, претседателот Ѓорѓе Иванов, на 10 декември.

На истиот ден ќе биде отворена и изложба од најдобрите 30 фотографии кои пристигнаа на конкурсот. 

27.11.2013 - 13:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега