Министерот за надворешна трговија на БиХ во посета на Скопје - ќе го пречека Бектеши

 

Министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина, Сташа Кошарац денеска ќе престојува во официјална посета на земјава.

Кошарац ќе биде пречекан од министерот за економија Крешник Бектеши, по што ќе биде реализирана билатерална средба, а ќе бидат потпишани и договор за економска соработка меѓу  Северна Македонија и Босна и Херцеговина и договор за соработка во областа на туризмот меѓу владите на двете земји.

По потпишувањето на договорите, изјави ќе дадат двајцата министри. 

10.06.2022 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега