Започнува Божикниот пост

 

За христијанските верници утре започнува шестнеделниот Божиќен пост. Постот ќе трае до 7 јануари - денот на раѓањето на Исус Христос.

Инаку, Божикниот пост е втор по должината на траењето, веднаш по Велигденскиот. Во однос на „строгоста“ за употреба на храна Божикниот пост е „поблаг“, бидејќи дозволува користење на вино, зејтин и риба. Строгиот пост на вода се налага во првата и последната недела, како и секоја среда и петок.Целта на постот е да се „исчистат“ духот и телото, како со храната така и со зборови и дела.

Во Православната црква практика е во текот на Божикниот пост верниците да се исповедаат.

27.11.2013 - 12:26
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа