Зеќири префрлен на Инфективната клиника, постои сомнеж дека се отрул
Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири останува во притвор, откако денеска Основниот Кривичниот суд – Скопје му одреди нови 30 дена, но Зеќири бил префрлен на Инфективната клиника, објави „Телма“.
Од затворот за телевизијата одговориле дека барањето за трансфер во болница е упатено до судот уште минатата недела, но било одговорено и одобрено вчера
Ова е второ продолжување на мерката притвор за 30 дена на Зеќири, кого ОЈО-ГОКК го сомничи за злоупотреба на службената положба и овластувања.
07.06.2022 - 18:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа