Поради снегот неколку автобуси сообраќаат по скратена траса

Поради снегот денеска не сообраќа автобусот за Милениумскиот Крст. Од приградските линии, по скратена траса сообраќаат автобусите со бр. 11, 47А, 55Б, 56, 56А, 60, 64А, 64Б, 67, 80А и 81.

ЈСП Скопје информира дека не сообраќа само автобусот со бр. 74, кој поаѓа од Транспортниот центар до Долно и Горно Количани. 

27.11.2013 - 11:08
Фото: 
Влада

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа