На Пониква ќе се градат нови хотели и викенд-куќи

 

Општина Кочани понуди на продажба државно градежно земјиште во Спортско-рекреативниот центар Пониква и на неколку локации во градот.

На Пониква понудени се две локации за изградба на хотели и десет локации за подигање на викенд-куќи. Градежните парцели за изградба на хотели во овој скијачки центар на Осоговските планини се со површина од 1.625 и 1.932 метри квадратни и се нудат со почетна цена од 61 денар по метар квадратен. Парцелите за викенд куќи се со големина од 283 до 567 метри квадратни и нивната почетна цена изнесува исти така по 61 денар за метар квадратен.

Исто така општина Кочани нуди на продажба и пет парцели за изградба на индустриски објекти од областа на лесната индустрија и малото стопанство во месноста „Драчевиќ“ и 12 парцели за подигање на индивидуални куќи на повеке места на територијата на општината.

Вкупната површина на понуденото земјиште за продажба изнесува 20.160 метри квадратни, при што минималниот приход на локалната власт од неговото отуѓување е проектиран на 1.229.760 денари. 

ФОТО: пониква.инфо

најчитано сега