Со мерките на Владата за самовработување се вработиле 4.200 лица

 

Директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски, во интервју за Фактор, вели дека програмите за вработување даваат ефект.

-Од 2008 година се имплементира и проектот на Владата на Република Македонија  “Проект за самовработување со кредитирање“.  Цел на овој проект е на заинтересираните невработени лица кои сакаат да го легализираат својот неформален бизнис или да започнат сопствен бизнис, да им се овозможи поволен кредит со што ќе се отворат нови работни места со цел самовработување. Овој проект се реализира во континуитет во периодот 2008-2013 година.  Од 2012 година, Агенцијата за вработување спроведува уште еден проект  на Владата на Република Македонија, “Проект кредитирање на правни субјекти (микро и мали претпријатија) за отварање на нови работни места.  Со Проектот за Самовработување со кредитирање во периодот 2008-2013 година регистрирани се вкупно 2445 правни субјекти и 1335 регистрирани индивидуални земјоделци и вршители на земјоделска дејност, а вработени се вкупно 2935 лица и 1335 индивидуални земјоделци, вели директорот за Фактор.

Намалувањето на стапклата на невработеност, додава тој, е 28,8 проценти.

26.11.2013 - 11:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега