Премиерот Груевски се сретна со својот бугарски српски и литвански колега

 

Премиерот Никола Груевски кој е во неколкудневна посета на Романија, оствари  средби со повеќе свои колеги кои учествуваат на Самитот на шефови на влади од земјите на Централна и Источна Европа на Кина.

Премиерот Груевски се сретна со претседателот  на владата на Бугарија,  Пламен Орешарски, литванскиот премиер Алгирдас Буткевичиус, унгарскиот премиер Виктор Орбан, како и со неговиот српски колега Ивица Дачик, а на средбите биле разменети искуста за актуелните политички случувања, како и за важноста за развивање на добрите политички односи и потребата од интензивирање на економските односи како добра основа за остварување на продлабочено пријателство.

Зедничка оценка е дека Самитот во Букурешт е добар пример за развивањето на пријателските односи на државите од ЦЕИ и за продлабочување на соработката и пријателството.

26.11.2013 - 10:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега