Ќе се проширува булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов"

 

Таткото на Град Скопје, Коце Трајановски, најави дека ќе се реконструира и проширува булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов" од крстосницата со булевар „8 Септември" до студентскиот дом „Гоце Делчев".

- „Наредната година Градот Скопје ќе ја продолжи реконструкцијата и проширувањето на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов" од крстосницата со булевар „8 Септември" до студентскиот дом „Гоце Делчев", продолжување на градежните работи за решавање на тесното сообраќајно грло меѓу улицата „Скупи" и булевар „8 Септември", подготвување на техничката документација за решавање на проблемот со водоснадбувањето на високата зона во Нерези, како и активности за изградба на фекална мрежа на булевар „Партизански одреди", на потегот од улица „Московска" до булеварот „8 Септември", истакна Трајановски.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски го поздрави овој начин на работа бидејќи истиот дава можност да се споредат постигнатите резултатите и да се дадат насоки за натамошната работа на јавните претпријатија и двете администрации.

25.11.2013 - 15:34
Фото: 
денешен.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега