Делови на Скопје утре ќе бидат без електрична енергија

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во селата Сарај и Грчец и од општините Карпош и Ѓорче Петров.

 Од 9 часот до 9 часот и 40 минути без струја ќе останат дел од корисниците од улиците „10“ и „20“, кај школото Дитурија, во село Сарај и село Грчец.

Од 9 до 15 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улица „Жданец“ во општина Карпош, „20“, во село Сарај и дел од село Копаница.

Во периодот од 8:30 до 15:30 часот без струја ќе останат дел од корисниците од улица „Злате Михајловски“ во општина Ѓорче Петров.

25.11.2013 - 15:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега