Безброј изненадувања за македонската публика - еве што спрема легендарниот Оливер Драгојевиќ

До концертот на музичката легенда Оливер Драгојевиќ останаа само неколку дена, а билетите се буквално распродадени. Како што јавуваат од "Гуливер Милс", а пренесува Курир, хрватскиот пејач доаѓа во Скопје во „Борис Трајковски“ на 29-ти ноември за да се забавува со публиката и да ги отпее своите најголеми хитови.

-Ќе испеам половина од новиот албум. Издвоив неколку песни кои ги вметнав во концертниот репертоар, бидејќи се не може да се отпее. Ќе ги пеам и оние песни кои публиката ги знае. Се ќе биде измешано, ќе има од се и за сечиј вкус. И да сакам да ги отпеамс ите песни, немам толку време. Навистина имам многу песни и имам голем проблем со тоа како да ги селектирам. Ако ги земам предвид старите албуми, како и материјалот од новиот, кога би склопил се јас што сакам, концертот би требало да трае пет часа, а тоа е невозможно, вели Оливер.

Инаку, специјална гостинка на музичката легенда ќе биде познатата пејачка Дорис Драговиќ.

-Пред многу години настапувавме со Дорис која е една одлична пејачка. Секогаш кога доаѓам во Скопје, со организаторите на Гуливер се договарам со себе да понесам и по некој гостин. Минатата година на сцената друштво ми правеше Владо Горгиев, претходно тоа беше Петар Грашо, а оваа година се решив за Дорис. Мене ми се допаѓа тоа, а знам и дека публиката ги сака сите тие мои колеги, открива Оливер.

25.11.2013 - 13:57
Фото: 
плусинфо

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега