Обезбедени 50 градежни парцели во индустриската зона „Долни бавчи“
Во индустриската зона „Долни бавчи„ во Туристичко-рекреативниот локалитет на планината Голак, во сервисната зона и во централното градско подрачје, Општината Делчево за потенцијалните инвеститори од земјава и од странство обезбеди 50 градежни парцели.
Неизграденото градежно земјиште наменето за лесна индустрија и магацини, стоваришта и слични објекти во индустриската и во сервисната зона се нуди со почетна цена од едно евро за метар квадратен. По иста почетна цена ќе се продаваат и парцелите во Туристичко-рекреативниот центар на Голак наменети за изградба на хотелско-угостителски објекти, камппови и викенд куќи.
Почетната цена за градежното неизградено земјиште во централното градско подрачје, во зависност од намента, се движи од 1.100 до 1.600 денари за метар квадратен.
Со оваа понуда Општината им излегува во пресрет на заинтересираните домашни и странски инвеститори и во наредниот период се очекува позабрзан економски развој, зголемена туристичка понуда, а со тоа и отворање на повеќе нови работни места.
МИА
ФОТО: Курир