Николовски: Неприфатливо е однесувањето на опозицијата во Собранието, не е време за блокади и предвремени избори
Неприфатливо е однесувањето на опозицијата во Парламентот. Пратениците трега да се издигнат над теснопартиските интереси. Не е време за блокади, ниту за предвремени избори. Ова е време во кое треба да им се помогне на граѓаните, порача денеска во Битола министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Министерот на прес-конференција потенцира дека над 30 законски решенија се во собраниска процедура и сите, како што напомена, се од интерес за земјоделците.
-Политиката и партиите треба да се надвор од земјоделските политики зашто се соочивме со многу кризи и војна на нашиот континент и затоа не е време, ниту треба да стане збор за предвремени избори, рече Николовски.
Тој потсети дека во 2020 година се зацртани политики кои до 2024 треба да дадат резултати.
-Ние креиравме законски решенија и очекуваме Собранието итно да ги изгласа зконите од интерес на земјоделците, односно веднаш да биде донесен Законот за земјоделство и рурален развој и измените преку кои што ќе може да почне исплатата на тутнарите и на сите останати земјоделци сврстени во програмата за 2022 година. Тутунарите ги чекаат субвенциите, платежната Агенција ги подготви Решенијата, а Законот е блокиран во Собранието, а треба да се донесе и веднаш да почне исплатата на субвенциите. Во собранието се и измените на Законот земјоделство и рурален развој каде се овозможува кофинансирањето на зелена нафта може да биде до 100 проценти. Исто така сакаме да ја распишеме Мерката за млади земјоделци за 20.000 евра грант со што ќе ги мотивираме младите да останат тука, а не да се исселуваат и да го спречиме тој тренд кој непознава партии. Сакаме да промениме политики во делот на доделување на земјоделско земјиште кое ќе биде над 10 хектари, а сакаме да почнеме со исплата на субвенции во оваа календарска година за програмата, нешто што не се случило во изминатите 15 години, и затоа поднесовме измени во законот за авансно исплаќање, рече Николовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа