Османи на состанокот на Коалицијата за борба против ИСИС: Безбедносните предизвици на денешницата не познаваат граници и бариери

 

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска учествуваше на министерскиот состанок на Глобалната коалиција против ДАЕШ/ИСИС во Маракеш, Мароко.

Ова, како што соопшти Министерството, претставува прв состанок на Коалицијата одржан во Африка.

Во своето обраќање на состанокот на Коалицијата, Османи ја потенцирал потребата од заеднички одговор на предизвиците кои произлегуваат од ситуацијата во Авганистан, но и од другите кризни жаришта во светот.

– Безбедносните предизвици на денешницата не познаваат граници и бариери, и само со меѓусебна и крос, континентална соработка може да се постигне одржлив мир. Северна Македонија уште пред членството во НАТО, од 2002 година, активно придонесува за зачувување на мирот во тој регион, подвлече министерот.

На маргините на состанокот на Коалицијата, Османи оствари билатерални средби со своите колеги од Франција, Жан-Ив Ле Дриан и Кувајт, Шеик Ахмед Насер Ал-Мохамед Ал-Сабах, како и со потсекретарот за политички прашања на САД, Викториа Нуланд.

11.05.2022 - 19:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега