Вооружени и опасни затвореници избегале од затвор во Албанија

Седуммина затворници, од кои неколкумина со казни доживотен затвор, избегале од затвор во Албанија.

Како што јавуваат локалните медиуми, затворенците кои избегале од кампот во Дренове, на 180 километри југоисточно од главниот град Тирана, се вооружени и опасни.

Албанските власти поставиле повеќе контролни пунктови на патиштата, а во реонот се испратени специјални единици.

За бегството на затворениците се информирани и полициите на соседните држави.

24.11.2013 - 11:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега