Во среда ќе садиме дрва наместо да работиме - еве кои се неработни денови до крајот на годинава
Среда (27.11.2013) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
На овој ден ќе се одржи акцијата Ден на дрвото, чие мото годинава е „Засади здравје“. Денот дополнително ќе се одработи во друг термин.
Неработни денови за сите граѓани на Македонија
08 Декември (недела), “Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник) е неработен ден
За граѓаните од католичка веросиповед
25 Декември (среда), првиот ден на Божик
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
22 Ноември (петок), Ден на Албанската азбука
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
21 Декември (сабота), Ден на настава на турски јазик
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа