Презентација на Предлогот за заклучување на стечајните постапки

 

Министерот за економија Ваљон Сарачини, директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески и заменик министерот за правда Билјана Бришкоска - Бошковски денеска ќе го презентираат Предлог законот за заклучување на стечајните постапки.

Овој предлог закон се однесува за заклучување на стечајните постапки отворени согласно Законот за прислино порамнување, стечај и ликвидација и Законот за стечај. 

Предвидено е со новото законско решение во рок од една година да бидат решени сите стечајни постапки кои се подолго време отворени.

23.11.2013 - 10:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега