Нема кревање на возилата: Пајакот на принуден одмор од идната недела

Пајакот остана на принуден одмор бидејќи истекол договорот на претпријатието што стопанисува со него. Како што пренесува Кумановоњуз, пајак-службата нема да работи од идната недела зошто на на ЈП „Чистота и зеленило„ му завршил договорот за извршување на работите. 

- „Ние како носители на оваа дејност досега бевме во подредена состојба и тоа мора да се смени. Сега бараме нашето претпријатие да менаџира со пајак службата, бидејќи се наоѓаме во тешка финасиска состојба и мораме да најдеме модул за нови приходи, за да застанеме на здрави нозе. Ние сме формирани за да ја вршиме таа дејност и неможе тоа да го прави некој друг наместо нас.-изјави Фадиљ Шабани директор на ЈП „Куманово-паркинг„, пренесе Кумановоњуз.

Новиот тендер ќе биде распишан наредната недела, постапката ќе трае до декември, а ќе трае до декември.

22.11.2013 - 12:38
Фото: 
Кајгана

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа