Го спречиле во последен момент - сакал да велзе во автобус на ЈСП со моторна пила
На автобуската станица кај стариот Тинекс на булеварот "Борис Трајковски" во Кисела Вода завчера околу 9 часот младо момче се обидело да влезе со моторна пила во автобусот со број 41 кој сообраќал од Драчево до Транспортниот центар. За среќа, раскажуваат патниците кои чекале автобус и кои биле сведоци на случката, во тој момент на станицата имало неколку контролори на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), јавува Вечер, Тие го забележале момчето како ја носи пилата в рака без заштитна кутија и се обидува да влезе во автобусот. Откако го спречиле да се качи во автобусот, тоа поитало кон следниот автобус со број 31, но и таму не му било дозволено да влезе. Граѓаните кои се нашле во моментот на постројката велат дека момчето се расправало со контролорите и тврдело дека носи расипана пила на поправка. Сепак, за Вечер тие велат дека по неодамнешните настани кога без причина насилници тепаат по автобусите, носењето и ножици во градски им се гледа опасно, не пак некој да се вози со моторна пила која не била ниту спакувана.
- Момчето се обиде прво да влезе во автобусите, но контролорите го спречија. Тој тврдеше дека пилата ја носел на поправка, но контролорите му посочија дека таа се смета за опасен предмет и не е дозволено да ја внесе во автобус. Тие му велеа барем да ја завиткал пилата да не се гледаат запците да не удри некого. Момчето почна да се расправа со нив велејќи им кој си ти да ми забрануваш да влезам во автобусс, по што контролорите дадоа знак автобусот со број 41 да застане настрана. По ова момчето се откажа од идејата да влезе во автобусот и продолжи пеш по улицата, раскажува Светлана К. која вели дека не може да се чувствува безбедна кога не знае дали некој што влегол со пила во автобус нема и да ја пушти.
Според кодексот на однесување во градски автобус на патниците им е забрането внесување на оружје, леснозапаливи, експлозивни, отровни и други опасни материи, како и предмети кои можат да го загрозат животот, здравјето на патниците и возачкиот персонал. Исто така забрането е и внесување на велосипед, влез со ролерки, лизгалки и личен багаж потежок од 30 килограми. Од неодамна правилата за однесување на патниците во автобусите на ЈСП може да се прочитаат и во самите автобуси каде што се залепени.
Од ЈСП велат дека ваквите инциденти се секојдневие во автобусите.
- Досега имаше еден возач пријавено патник кој што сакал да внесе вреќи со цемент во автобусот и уште еден кој сакал да внесе велосипед. Главно со нив се справуваат возачите кои им укажуваат што смеат, а што не смеат да внесат во автобус, вели портпаролот на ЈСП, Биљана Јанкуловска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа