Шеќеринска: Бугарското вето е поради руското влијание
„Мислам дека политиката на ЕУ за Балканот одамна требаше да се промени. Нашиот најголем проблем е бугарското вето. По Преспанскиот договор ние бевме почувствителни за геополитичките битки со соседите“.
Ова го истакна поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска на денешната панел-дискусија на Универзитет Американ Колеџ Скопје на тема „Војната во Украина и нејзиното влијание на Балканот“.
– Влезот во НАТО е готов, а тоа беше главниот фокус. Но, сега нашиот процес за влез во ЕУ е заглавен поради актуелната криза во Украина – додава таа.
Шекеринска смета дека бугарското вето е поттикнато од силното руско влијание во Бугарија. Според неа, ниеден Бугарин кој се смета за јавна личност, не изегол во јавноста да каже дека на Македонија треба да ѝ биде ставено вето.
– Вето не се става преку референдум. За тоа не гласаат обичните граѓани – рече Шекеринска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа