Погледнете ги новогодишните понуди на Т-Мобиле и Т-Хоме
Т-Мобиле и Т-Хоме на своите корисници од денеска им нуди две новогодишни понуди.
Сите приватни корисници кои ќе склучат нов или ќе го обноват договорот за Доверба 24, од денеска ќе може да го активираат тарифниот модел Promo Play за месечна претплата од 499 денари. Со пакетот добиваат неограничени разговори кон T-Мобиле и Т-Хоме, 200 минути за разговори кон другите мрежи, неограничен интернет и избор на телефони по промотивни цени. Понудата ќе трае до 31 јануари.
Вториот новогодишен пакет се однесува на MaxTV за постпејд корисниците кои сега можат да земат MaxTV за цена од 499 денари. И оваа понуда трае до 31 јануари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа