ВИДЕО: Како се покажаа кандидатите за полицајци на денешното тестирање?

Трет ден траат проверките на моторичните способности на новите кандидати за полицајци кои беа избрани неодамна. На огласот биле пријавени 5.503 лица, од кои 820 се жени.

Како што денеска информираше министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, полицајците ќе се спремаат за во иднина да можат да одговорат на сите барања и потреби на граѓаните.

-Во однос на бројот на пријавени кандидати и бројот на кандидати кои ја поминуваат оваа прва фаза од селекцијата, односно фазата на тестирање на моторичките способности, бројката на лица кои успеваат да ја завршат оваа фаза на квалификации е околу 20 проценти, што е сосема доволна бројка по однос на можноста за дополнителна селекција низ следните фази. Сепак ова е само трет ден од проверките, има уште кандидати кои треба да ги покажат своите моторички способности, истакна Јанкулоска.

Предуслов за натамошно продолжување со селекцијата ќе биде минимумот од 60 стомачни склекови, 55 градни склекови, трчање на 3200 метри за 13,30 минути и 10 згибови на вратило за мажи, додека минимумот за женските кандидати ќе изнесува 60 стомачни склекови, 27 градни склекови и 3200 метри за 16,30 минути, како и други физички проверки. Потоа ќе следува и писмено тестирање на кандидатите општообразовен тест и психолошки тест, по што ќе се спроведува поединечно интервјуирање, а последна фаза се здравствените прегледи.

ВИДЕО.МВР

20.11.2013 - 16:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега