Ги ублажува болките во грлото и го намалува холестеролот: Чајот од оваа билка е многу лековит, но внимавајте колку често го консумирате

 

Листовите од жалфија се полни со антиоксиданти кои имаат антивоспалителни својства и помагаат во заштита од слободните радикали.

Покрај тоа, жалфијата има и антимикробни својства поради што луѓето уште од дамнешни времиња ја користеле како билка за дезинфекција.

Една лажичка мелена жалфија содржи 10 отсто од дневната потреба за витамин К, кој е важен за здравјето на коските и помага против згрутчување на крвта. Исто така, оваа билка има бројни хранливи состојки како магнезиум и витамин А.

Меѓутоа, со оглед на тоа што жалфијата содржи тујон, соединение кое е токсично во големи количини, чајот од жалфија не треба да се консумира секојдневно.

Како правилно се консумира чај од жалфија?

За правилно да подготвите чај од жалфија, се препорачува да додадете 2 лажички жалфија во 300 мл. врела вода и да оставите да отстои 15 минути.

Иако има горчлив вкус, чајот од жалфија се консумира додека е топол бидејќи прави чуда против болките во грлото и може да помогне во намалување на холестеролот.

14.02.2022 - 22:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега