Домашен природен лек од само три состојки - направете го сами
Причина за главобока можат да бидат многу нешта, а во секој случај подобро е да се обидете да си помогнете на природен начин, па потоа да посегнете по таблети.
Главата, меѓу останато, може да заболи и од топлина, стрес, несоница, вирусна инфекција, забоболка и многу други нешта. Без оглед што е причината ние секогаш посегнуваме по лекови, но овој пат обидете се со со овој стар народен лек.
Потребно ви е:
10 чешниња лук
500 грама мед
неколку зрна бибер
Подготовка:
Исчистете го лукот и секое чешне исецкајте го на парчиња и ставете го во стаклена тегла. Додадете го и биберот и на крај прелијте со мед. Затворете ја теглата и оставете ја да отстои пет дена.
Употреба:
Кога ќе почувствувате дека започнува да ве боли глава земете една лажица. А овој народен лек можете да го користите и за зголемување на имунитетот, така што ќе консумирате една лажица наутро и навечер, пред јадење.
Покрај зајакнување на имунитетот, ќе го намалите и бројот на бактерии во телото, ќе го подобрите варењето, ќе го регулирате нивото на шеќер во крвта, но и притисокот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа