Нови детали за наставничката од Глазгов: „Ми се јавија и ми кажаа дека има секс со ученик, веднаш дојдов во хотелот“
Иако ова се случило во 2017-та година и полицијата го отфрлила случајот бидејќи немало елементи на казнено дело, истрагата повторно е отворена и поранешната наставничка Мелиса Твиди и се заканува забрана за работа во сите училишни установи.
Во Шкотска не престануваат приказните за наставничката која на матурската вечер отишла во соба со поранешен ученик. Иако се се случило во 2017-та година и полицијата го отфрлила случајот бидејќи немало елементи на казнено дело, истрагата повторно е отворена и поранешната наставничка Мелиса Твиди и се заканува забрана за работа во сите училишни установи.
Имала 23 години, ученикот 18
Мелиса сега живее во Дубаи и таму е наставничка по јога. Во време на инцидентот била наставничка во средно училиште во Глазгов. Тогаш имала 23 години, а ученикот со кој спиела 18. Професорите раскажала дека биле загрижени поради тоа како се облекла, имала провокативна тоалета со длабок процеп, а седела меѓу ученици и пиела со нив. Подоцна и танцувала со нив.
Друг ученик ги затекнал во кревет
Како што раскажале некои ученици, во еден момент го прегрнала ученикот со кој подоцна спиела и му рекла: „Можеме ли за момент да заборавиме дека сум ти наставничка“. После тоа заминале во хотел во близина.
Во собата ги затекнал друг ученик. Кога отворил врата, наставничката му рекла: „Технички, се уште не го ни допрев“.
„Технички, не го ни допрев. Се уште...“
На сослушување бил и ученикот со кој спиела.
„Немавме никаков однос пред матурската, пиев таа ноќ. Не ја повикав во хотелот, не знам како се најде таму. Останавме во собата, се бакнувавме и имавме секс. Таа преноќи и во осум наутро си заминавме“, рекол ученикот.
Директорот дошол пред хотелот
Во јаноста излегуваат се повеќе детали за таа вечер.
Учениците по матурската вечер резервирале хотел во близина, додека професорите имале друг хотел.
Но, Мелиса завршила со учениците.
„Ја прашав како ќе оди дома, дали можеме да и помогнеме со превоз, но таа одби. Ние сами се вративме во хотелот, а подоцна ги прегледувавме камерите да видиме дали се вратила. И пративме порака, но не одговори“, рекла професорката Хедер Прентис, која работела во истото училиште.
Не ми одговори на пораката
За се бил испрашан и директорот Дејвид Николс, кој, кога слушнал што се случило таа вечер, веднаш седнал во автомобил и тргнал да ја бара професорката. Вечерта дури и ја добил на телефон, пренесува "Daily Record".
„Таа вечер знаев дека нешто не е во ред. Видов дека професорките зборуваат дека Мелиса отишла со учениците. Подоцна дознав дека спиела со еден од нив. Постарите професори ја прашуваа дали и треба такси, таа велеше дека ќе се снајде. Подоцна еден професор ми кажа дека Мелиса е во хотелот со учениците. Отидов во тој хотел, таму имаше неколку ученици. Персоналот во хотелот го интересираше дали детето е полнолетни, а кога дознае дека е, рекоа дека тоа што се случува во собата не е нивен проблем. Ја добив Мелиса на телефон, ми кажа дека била во хотелот, но дека сега е дома“, раскажал директорот.
Плачела кога и кажал дека е суспендирана
Учениците му кажале да и побара да му ја прати локацијата.
„И пратив порака да ми прати локација. Не добив одговор“, рекол директорот.
Следниот ден го повикал ученикот за кого му кажале дека бил со Мелиса. Му поставувал директни прашања.
„Да, спиев со неа“, одговорил тој.
Потоа ја повикал Мелиса за да и соопшти дека е суспендирана. Се скршила и почнала да плаче.
"После тоа повеќе не слушнав за неа", додал директорот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа