Природен лек против кашлица и болки во грлото: Содржи само 3 состојки, а го зајакнува имунитетот до максимум!

 

Ви откриваме одличен рецепт со помош на кој ќе ја ублажите кашлицата и болките во грлото на природен начин

Лавровиот лист е една од најлековитите билки, а сирупот од овој производ ги намалува болките во грлото и ја смирува кашлицата. Тој исто така го зајакнува и имунитетот. Листовите се богати со витамин Б и разни минерали.

Состојки:

6 сушени листови лавор

лимон

3, 4 лажички кафеав шеќер или мед

Приготвување:

Во лонец зовријте 2 и пол дцл вода.

Во водата ставете лавров лист, поклопете го и варете го 5 до 10 минути, потоа извадете ги листовите, а водата префрлете ја во друг сад.

Во водата исцедете сок од еден лимон и додајте го засладувачот што сте го одбрале, а потоа сето тоа добро измешајте го.

Пијте го сирупот 3 пати дневно, по едно лажиче.

08.02.2022 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега