УЈП донира медицинска опрема за Здравствениот дом Скопје

 

Вработените во Управата за јавни приходи денеска ќе донираат медицинска опрема во Здравствениот дом Скопје – Скопје.

Целта е да се даде придонес за подобрување на работењето на оваа здраствена установа, но и токму на Универзалниот ден на детето да се испрати порака дека децата како најранлива категорија на секое општество, имаат потреба од посебна грижа и помош од страна на возрасните.

Предвидено е присуство на директорот на Управа за јавни приходи Горан Трајковски, директорката на Здравствениот дом Скопје д-р спец. Татјана Баевска-Вучковиќ и претседателот на Синдикална организација на УЈП, Васе Неданоски. 

20.11.2013 - 09:32
Фото: 
Новатв.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега