Гинеколог барал мобилен телефон за да породи жена

Гинеколог од Ниш бил уапсен откако е откриено дека за да породи своја пациентка, од нејзиното семејство барал мобилен телефон.

Сопругот на родилката и гинекологот Б.Т. Се запознале пред еден месец, по препорака на матичниот доктор, а гинекологот прифатил да го преземе случајот и да ја породи жената која имала проблематична бременост. Како што пренесува српскиот Курир, гинекологот го повикал сопругот за да го праша дали е задоволен со услугата, а потоа му побарал и мал подарок, мобилен телефон.

Тој рекол дека на неговата ќерка и е потребен телефон кој чини околу 200 евра и му предал белешка на која пишувало: „Самсунг Ц мини, бела боја, задолжителна гаранција“. Препорачал и во која продавница да се купи мобилниот.  Сопругот и раскажал на сопругата што се случило и случајот го пријавиле во полиција.

Докторот ја породил жената, го добил телефонот, а подоцна бил уапсен од страна на полицијата.

19.11.2013 - 09:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега