Ново место за забава - Поставен мразот во СЦ „Борис Трајковски“

 

Љубителите на лизгањето од денеска ќе може да лизгаат на подлога од мраз во лизгалиштето на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Лизгалиштето за рекреативно лизгање ќе биде достапно од понеделник до петок, од 11 до 14 и од 19 до 23 часот, додека за време на викендите од 12 часот на пладне па се до полноќ. Цената на билетот ќе чини 120 денари со вклучени лизгалки, а лизгалиштето ќе биде отворено и достапно седум дена во неделата, од денеска се до 15 април.

18.11.2013 - 16:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега