УХМР: Викендов снежни врнежи
Следува период на умерено до значително облачно и студено
време со умерен до засилен северен ветер, најизразен вдолж Повардарието.
Во петок попладне, во текот на ноќта и во сабота ќе има
повремени локални врнежи од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи – Скопје.Минималната температура во петок ќе се движи од минус 5 до 3 степени, а максималната од 3 до 11 степени.
Во сабота, слично време со минимална температура од минус 5 до 2 степени и максимална од 0 до 7 степени. За недела УХМР прогнозира утрински температури до минус 8, за понеделник до минус 10, а за вторник и до минус 11.
Најголема снежна покривка денеска изутрина имаше на Попова Шапка – 57 см, Маврови Анови – 40 см, Пожаране – 19 см, Крушево – 17 см, Берово и Тетово по 6 см, Виница – 5 см и Ѓуриште – 2 см.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа