Прилепчанец користел нелиценциран софтвер
50- годишниот М.Ч кој е сопственик на фирмата ДД „Геонет“ Прилеп си заработи кривична пријава поради „повреда на правото од пријавен или заштитен пронајдок и топографија на интегрални кола“.
На 30.10.2013 година, од страна на полицијата во координирана акција со Координативното тело на авторски и сродни права при Влада на Р. Македонија извршена е контрола во фирмата на пријавениот и е утврдено дека на еден од компјутерите е инсталиран нелиценциран софтвер.
18.11.2013 - 12:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа