Денеска минусни температури и врнежи од снег
Претпладне облачно со повремени врнежи кои и на некои пониски места ќе се менуваат од дожд до снег.
Во западните делови ќе се формира нова снежна покривка. Повремени слаби врнежи од снег ќе има и на повисоките делови од Скопската котлина. Во пладневните часови врнежите ќе престануваат и облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен ветер од северен правец, најизразен вдолж Повардарието.
Утринските температури ќе се движат од -4 до 5 степени, а дневните од -1 до 9 степени.
Наутро доста студено, ќе биде времето утре, а преку денот сончево со мала, а во западните делови умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа