Цеца си ја отвори душата - еве што е најголема грешка во нејзиниот живот
Српската пејачка Светлана Ражнатовиќ Цеца за српски Блиц си ја отвори душата и раскажа која и била најголемата грешка во животот.
- Годината што помина беше одлична, повеќе од успешна. Имав феноменален концерт, одличен албум, снимив два видеоспота, а подготвувам и трет. Презадоволна сум, рече Цеца.
На прашање за што жали во животот, Цеца вели дека тоа е факултетот.
- Во шоу-бизнисот влегов многу млада и паралелно со пеењето завршив средно образование, но не и факултет. Често и моите родители ми велат дека сѐ е тоа супер, но можев да завршам и факултет. Се согласувам и ги советувам сите млади пејачи да не го напуштаат училиштето. Тоа не може да им пречи во кариерата, додаде Цеца, за српски Блиц.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа