Ахмети: И ОБСЕ да се вклучи во решавањето на спорот за името

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, побара ОБСЕ да се вклучи во решавањето на спорот за името. Во писмо до претседавачот со собранието на меѓународната организација Ранко Кривокапи, Ахмети се заблагодарува на досегашниот придонес на оваа организација за безбедноста и стабилноста на република Македонија, но истовремено бара и нејзин поголем ангажман за прашањето кое и се заканува на земјата.

- Преку ова лично писмо би сакал да ве уверам во мојата лична загриженост и да ве повикам да го искористите вашиот авторитет и авторитетот на вашата организација со цел капитализација на нашата заедничка инвестиција во Македонија и регионот во изминатата декада, преку постигнување на конечната  цел - полноправно членство во НАТО и Европската Унија. Со таа цел би го ценеле вашиот придонес кон афирмирање на ова прашање пред меѓународната заедница, иницирање дијалог на највисоко ниво меѓу двете страни и постигнување на конечен договор за спорот за името, пишува Ахмети.

 

17.11.2013 - 14:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега