Груевски: Ќе продолжиме да инвестираме во образованието

Претседателот на Владата, Никола Груевски, денеска присуствуваше на отворањето на целосно реконструираното подрачно училиште „Тошо Арсов“ во населбата Македонка во Штип. Тој ги истакна заложбите на Владата за инвестирањето во образованието и додаде дека  тоа е единствениот пат кој на секој млад човек ќе му ги отвори вратите на животот, а воедно и пат кој ќе и обезбеди напредок на државата.

- Затоа Владата издвои околу седум милиони денари или преку 100 илјади евра за целосна реконструкција на ова училиште. Резултатите од овој потфат денеска се пред нас. Училиштето доби сосема нов лик, целосно нови услови за работа и одвивање на образовниот процес и севкупно може да одговори на потребите на учениците и наставниците. Со неговата реконструкција излегуваме во пресрет на сите семејства од населбите Чардаклија, Балканска, Македонка и Железничка, чии деца досега одеа во други училишта и други делови на градот, а отсега ќе можат да ја посетуваат наставата блиску до своите домови, рече Груевски.

Премиерот истакна дека Владата инвестирала во голем број училишта меѓу кои „Гоце Делчев“, „Димитар Влахов“, средното „Сергеј Михајлов“, средното училиште со посебни потреби „Искра“, СУ „Коле Нехтенин“, се реконструираше и фискултурната сала во СУ „Славчо Стојменски“, како и училишната сала во ОУ „Гоце Делчев“.

Пред жителите на приградската населба Македонка соопшти дека градежната фирма избрана за изградба на автопатот Миладиновци – Штип најави изградба на 23 февруари, а исто така новата клиничка болница ќе се гради во јануари или февруари идната година, а ја најави и изградбата на втората фабрика во ТИРЗ која ќе ја брани хрватска фирма.

Заедно со премиерот Груевски на свеченото пуштање во употреба присуствуваше и министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.

 

- За само четири месеци ја реконтруиравме зградата, гледавме да не го нарушиме стариот лик. Реконструирани се кровната конструкција, а учениците внатре добија современи услови за едукација, рече Ристовски.

17.11.2013 - 13:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега