Ова е рајот на земјата- град во кој месечната кирија е 15 евра, а просечната плата 1200
Во јужниот дел на Шпанија постои мало гратче Мариналеда кое се протега на површина од 25 километри квадратни и има околу 2.700 жители.
Многумина ова место со право го нарекуваат рајот на земјата, бидејќи овде просечната плата е 1200 евра, а месечната кирија на стан за двајца е 15 евра.
Според законот и бројот на жителите местото треба да има помеѓу четири и седум полицајци, но според градоначалникот воопшто не им се потребни затоа што овде воопшто не постои криминал.
Во градот сите паркинзи се бесплатни, есплатно им е користењето на двата фудбалски терени, кошаркарскиот и тенискиот терен, а има и терени за сквош и одбојка, како и бесплатен базен.
Најинтересно е тоа што доколку некој се реши да си гради куќа, властите веднаш му испраќаат помош од професионален архитект и работници, кои помагаат во изградбата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа