Пари злато и оружје украдени од стан во Скопје

Скопјанецот В.Г. синоќа пријавил во полиција дека пред два дена бил ограбен неговиот стан лоциран на булеварот „АВНОЈ“.

Крадецот одзел разновиден златен накит, 8.000 денари, 100 евра, 200 фунти и пиштол со муниција. Тој насилно го отворил прозорот од дневната соба, влегол внатре, извршил пребарување, ги одзел наведените предмети и избегал во непознат правец.

17.11.2013 - 12:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега