Маскиран разбојник со лажен пиштол украл 16.000 денари од „Македонски пошти“ - еве ги деталите

 

Во текот на вчерашниот ден непознати сторители извршиле грабеж во „Македонска пошта“ во Охрид, во близина на Гимназијата.

Како што пренесува МИА, од „Македонска пошта“ биле украдени  16 илјади денари, а анападот бил извршен со лажен пиштол. Според полицијата, засега непознато лице со фантомка на главата упаднало во експозитурата и под закана со оружје од вработената ги одзело парите по што веднаш го напуштило местото.  На излегување крадецот бил забележан од случаен минувач кој се обидел да го запре но тој успеал да побегне при што му испаднал пиштолот, за кој подоцна било утврдено дека е пластичен.

Истата пошта беше ограбена во јануари 2010 година, кога разбојник маскиран влезе во Поштата и им се закани на вработените со пиштол, и одзеде 51.000 денари.

17.11.2013 - 12:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега