Се запали брод во Северното Море, спасувачите сеуште не можат да го извлечат екипажот

Во Северното Море во близина на Норвешка синоќа изби пожар на товарен брод, а спасувачите не можат да го извлечат 32 члениот екипаж поради лошите временски услови.

Три хеликоптери се упатени да помогнат на членовите на екипажот заробени на дански брод на околу 130 километри од брегот.

„Првиот хеликоптер се обиде да спаси 12 лица, но се откажа поради лошото време. Засега тие не се во пасност“, речепортпаролот на норвешкиот Центар за спасувачки акции Пер Фјелд.

Пожарот избил во задниот дел на бродот, и иако не се шири, членовите на екипажот не успеале да го изгаснат.

 

Бродот е тежок 11 тони и превезува воена опрема, а во моментот во областа беснее бура проследена со силен ветер кој достигнува брзина и до 180 километри на час, а брановите се и до 15 метри високи.

17.11.2013 - 10:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега