Во Египет се откриени нови глави на фараонски статуи

 

Египетското министерство за културно наследство објави дека јужно од градот Луксот откриле пет глави кои им припаѓале на статуи од кралско семејство од периодот на фараоните.

„Главите на статуите коишто ги откривме имаат круни на Горен и Долен Египет и се издлабени во варовник", изјавил египетскиот министер за старини, Мохамед Ибрахим.

 

Мохамед Абдел Максуд кој е раководител на одделот за финансиски период изјавил дека секоја глава од варовник е со размер од 50 сантиметри, и се претпоставува дека датираат од периодот на Средното египетско кралство, основано пред 4.000 години, но дека по експертизата ќе бидат дадени подетални информации.

17.11.2013 - 10:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега