Повторување на локалните избори во Косовска Митровица

Поради инцидентите на 3 ноември, во три изборни единици во северна Косовска Митровица  ќе се прегласуваат изборите.

Кандидатот за градоначалник на Граѓанската иницијатива Српска  Крстимир Пантиќ очекувал победа. Тој истакна дека е целосно убеден дека овој пат изборите ќе поминат мирно и дека не само меѓунардодната заедница, туку и они кои повикале на бојкот и ги предизвикале инцидентите на 3 ноември, извлекле поука од настаните во првиот круг на изборите.

 

Додека пак Кандидатот на Граѓанската иницијатива „СДП“ за градоначалник на северна Косовска Митровица Оливер Ивановиќ очекува дека граѓаните ќе излезат на повторените избори во трите избирачки единици во овој град.

17.11.2013 - 10:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега