Премиерот Груевски и денеска со набиена агенда

Шефот на Владата, Никола Груевски, и денеска како и вчера со набиена агенда. Во текот на денешниот ден е предвидено премиерот да присуствува на промовирање на лабораториите за радиофармација и за микроскопија, како и на мобилната лабораторија за животна средина на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Потоа, премиерот ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираното подрачно училиште „Тошо Арсов“ во населбата Македонка, на повеќенаменско игралиште и на локален пат, врска М6 Мантово, општина Штип.

17.11.2013 - 10:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега